Папата Франсис денес предупреди дека глобалната криза се заканува да создаде изгубена генерација на млади, невработени луѓе.
-Глобалната криза не донесе ништо добро за младите луѓе. Минатата недела гледав податоци колку младите се невработени. Ни се заканува можност да имаме генерација на невработени-изјави папата пред да замине за Бразил.
Папата Франсис (76) нагласи дека целта за неговото патување е да ги охрабри младите да се интегрираат во општеството.
-Кога ќе ги изолираме младите ние правиме неправда. Тие им припаѓаат на семејството, културата, верата и затоа не треба да ги оставиме сами-изјави тој.
Поглаварот на римокатоличката црква денес замина во повеќедневна посета на Бразил, каде што ќе го одбележи Светскиот ден на младите.
Eлена Георгиевска