Маркез победи на Лагуна Сека

Од:

Марк Маркез на Хонда дојде до третата победа оваа сезона во МотоГП шампионатот и се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман.

Настанот започна со минутно молчење во знак на почит кон Андреа Антонели кој утринава почина на Суперспорт трката во Москва.

На самиот старт Брадл успеа да го задржи водството, а Валентино Роси изби на втората позиција пред Марк Маркез.

Лоренцо дојде до четвртата позиција, пред Баутиста и Педроса. Веќе во вториот круг Баутиста го помина Лоренцо и дојде до четвртата позиција, а Штефан Брадл до крајот на кругот имаше предност од половина секунда во однос на Роси.

На Маркез му беа потребни само неколку кругови да го намали водството од 1.8 секунди кое го имаше Брадл на првата позиција, а истовремено и Педроса се обидуваше да дојде до петтата позиција на Лоренцо. На 21 круг до крајот на трката Педроса успеа да го мине Лоренцо, а разликата од Брадл до Маркез сега изнесуваше само 0.2 делови од секундата.

На Маркез му беа потребни уште три круга за да го превземе водството, па така на 13 кругови до крајот фабричката Хонда се најде пред онаа на „LCR“ тимот и Брадл на неа.

Трет заврши најуспешниот на сите времиња, Докторот Роси.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска