Отворена колективната изложба „Зимски салон 2021“ во Тетово

Од:

Во Уметничката Галерија во Тетово вечер беше отворена колективната изложба „Зимски салон 2021“, на која својата најнова творечка уметност ја претставија членовите на Здружението на ликовни уметници на Тетово. Посетителите имаат можност да видат 42 дела од исто толку автори.

Историчарката на уметност Јелдз Асани како уметнички критичар на отворањето рече дека изложбата се состои од сликарски дела кои претставуваат спој на различни мотиви и постапки на уметничко остварување, обидувајќи се да предзивикаат благо чувство на духовна релаксација.

-Зимски салон има за цел да придонесе за создавање на општ позитивен дух во нашето опкружување, потреба од некаква поврзаност или контакт со уметничкото дело и да поттикне изнаоѓање добри избори за интегрирање во општите уметнички процеси. Авторите зачувивајќи го својот творечки идентитет развија дел од својата уметност оркестрирајќи ги звуците на боите, но со изразени содржини на ракописот и нивната креативна имагинација. Некои комбинираат за да создадат предизвикувачки варијации на перцепција, додека некои од делата со текот на времето, покрај очигледната изработја сењ повеќе изразуваат украсни или илустративни ефекти, посочи Јелдз Асани.

Сликите се изработени со масло на платно, комбинирана техника, акрил на платно и хартија, акварел, а има неколку дигитални фотографии, една гравура на дрво и пастел и експонат од гипс. Сите дела се застапени и во заедничкиот каталог.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска