„Поврзување“ – изложба на слики од Наталија Пулејкова Радеска

Од:

Во Изложбениот салон – Империјал на ЈУ Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Поврзување“ на академскиот сликар Наталија Пулејкова Радеска.

На изложбата ќе бидат изложени 15 дела работени на платно во комбинирана техника во период од 2020 и 2021 година. Изложбата ќе биде отворена до 10 декември.

Наталија Пулејкова Радеска е родена 1982 година во Скопје, Р.С. Македонија. Во 2004 година дипломирала на отсек графика, а во 2006 година магистрирала на отсек сликарство на Националната Ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија.

Има остварено седум самостојни изложби и учесник е на голем број групни ликовни изложби и колонии во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија, Франција, Канада. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Р.Северна Македонија од 2011 година. Живее и работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска