И покрај препораките од лекарите да одмара, светскиот шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо ќе учествува на трката за ГН на САД.
Лоренцо ја скрши клучната коска, а лекарите сметаат дека тој се уште не е подготвен да се врати на патеките. Шпанецот во моментов го зазема 3-то место во генералниот палсман и заостанува 11 поени во однос на лидерот Марк Маркез.
Од Јамаха изјавија дека се уште не е 100% сигурно дека Лоренцо ќе вози на престојната трка, но тој ќе отпатува во САД.
Шампионот ја скрши клучната коска на трката за ГН на Холандија на патеката во Асен.