Четворца загинати во етнички судири во Mали

Од:

Четири лица загинаа во етнички мотивирани судири во северниот малиски град Кидал, соопшти во Бамако портпаролот на Министерството за одбрана на Мали.


Како што јави ДПА, судирите започнале доцна синоќа меѓу припадници на етничката група Туарези, кои се мнозинство во Кидал, и на племето Сонгаи.


Туарезите, кои се со посветла кожа, минатата година се обидоа да прогласат независност, додека Сонгаите се залагаат за зачувување на Мали како една држава


Според локални медицински извори, во судирите се ранети неколку лица.


За разделување на судрените страни интервенирале француските војници во Кидал, кои пукале во воздух во обид да ги растераарат двете групи.


Аналиитчарите порценуваат дека ваквите етнички судири ќе ги отежнат напорите за зачивување на мирот во земјата до претседателските избори, закажани за следната недела.


Кидал е последниот град во Мали врз кој Владата во Бомако се уште нема контрола. Минатата година, контрола врз градот презедоа припадници на сепартистичкото движење на  Туарезите, кои таму прогласија независна држава Азавад. Набрзо од таму беа протерани од исламските екстремисти поврзани со Ал Каеда, кои, пак, во јануари по француската воена интервенција беа принудени да го напуштат градот. Французите им дозволија на припадници на туарешкото бунтовничко Национално движење за ослободување на Азавад (МНЛА) да се вратат во градот.


Одржувањето на изборите во Кидали е од круцијална важност за легитимноста на следниот претседател на Мали. Засега, меѓутоа, само еден од 28-те претседателски кандидати се осмели да дојде во градот за да агитира.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска