Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека руската војска покажала висок степен на борбена подготвеност во текот на најголемата воена вежба во последните две децении.
Во вежбите кои што започнаа од петок, учествуваа 160.000 војници, тенкови, летала и бродови.
Вежбите се изведоа на повеќе временски зони ширум Сибир и крајниот исток на Русија, а некои воени единици беа распоредени и на подрачја одалечени со илјадници километри.
Путин кој ги гледаше вежбите од близина на градот Чита, на југот на Сибир, истакна дека војниците успешно ги исполнија борбените задачи и дека денес може да биде горд на својата војска.
Русија соопшти дека вежбите се дел од редовните борбени обуки и дека не се насочени против која било држава и покрај тоа што аналитичарите сметаат дека истите се насочени кон Кина и Јапонија.
Елена Георгиевска