„Цветинова награда за мир“ за Ферид Мухиќ

Од:

Сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин денеска на истакнатиот македонски филозоф, универзитетски професор и публицист, Ферид Мухиќ му ја врачи „Цветиновата награда за мир“.

Поповски – Цветин нагласи дека доделувањето на „Цветиновата награда за мир“ е по повод Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, кој е востановен од УНЕСКО, секоја година се одбележува третиот четврток од месецот ноември и се слави низ целиот свет, со фокус на филозофијата и нејзините придобивки.

Покрај Мухиќ, досега „Цветиновата награда за мир“ ја имаат добиено Димитар Илиевски, меѓународен шаховски мајстор, првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“, Јордан Плевнеш и Коста Балабанов.

Поповски – Цветин досега подарил над 60.000 свои слики и организирал над 300 изложби во земјава и во Шведска, Полска, Германија, Италија, Канада, САД и во земјите од поранешна Југославија. Во 2009 година Поповски – Цветин беше номниниран за Нобелова награда за мир и беше меѓу петте кандидати од вкупно 205 кандидати. Во 2015 година создаде слика од 1001 метар.

Би можело да ве интересира

Академик Ферид Мухиќ, прв добитник на наградата „Константин Филозоф“ за животно дело