Најмалку 11 исчезнати во поплави во Индонезија

Од:

Најмалку 11 лица се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилни дождови на индонезискиот остров Јава, соопштија денеска локалните власти.

Националната агенција за справување со катастрофи соопшти дека реките на падините на планината Арџуно се излеале од коритата и поплавиле пет села во Кота Бата, град во провинцијата Источна Јава.

Агенцијата наведува дека пороите однеле 15 лица, од кои четворица подоцна биле спасени, додека по останатите 11 се трага.

Директорот на Агенцијата Ганип Варсито изјави дека се очекува обилните врнежи да продолжат и оти би можеле да траат до февруари.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници