„Фото Салон Куманово 2021“ во кумановската Уметничка галерија

Од:

Петнаесеттиот меѓународен Фото салон Куманово ќе биде отворен вечер во Уметничката галерија во Куманово со почеток во 19 часот.

Посетителите ќе имаат можност да разгледаат 50-тина наградени фотографии, работени во различни категории од автори од повеќе држави од светот, информираа денеска надлежните од Фото киноклуб „Којзак“ кои го организираат салонот.

– На изложбата ќе бидат претставени 50 наградени фотографии. На конкурсот пристигнаа 184 автори од 47 држави. Оваа година имаше четири категории – портрет, природа, слободна колор и слободна црно бела категорија. Жирито и оваа година имаше можност да погледне извонредни фотографии. Специфичноста на овој Фото салон Куманово 2021 е тоа што пристигнаа фотографии од автори кои традиционално учествуваат на овој престижен салон, но секако имаше и нови автори кои се претставија со своите фотографии. Оваа е јубилеј од 15 години Фото салон Куманово како во континуитет се одржува-изјави претседателот на ФКК Козјак Куманово, Дејан Ангеловски.

Најдобриот автор на изложбата е Холгер Букер од Германија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска