Суданската армија следната недела ќе назначи нов шеф на владата

Од:

Новиот судански воен лидер, генерал Абдел Фатах ал Бурхан, планира да назначи нов премиер следната недела, пренесува ДПА.

– Наскоро ќе биде назначен технократ, иако списокот на кандидати се уште не е направен, рече Ал Бурхан во изјава за руската државна новинска агенција Риа Новости, додавајќи дека новиот шеф на владата потоа ќе формира влада.

Војската ја презеде власта во источноафриканската земја во понеделникот, откако политичката ситуација се влоши. Ал Бурхан најави разрешување на цивилните членови на преодната влада на земјата и прогласи вонредна состојба

Воениот удар се случи по неколкунеделни протести и политичка криза во земјата со 44 милиони жители.

Соборениот судански премиер Абдула Хамдок ја предводеше преодната влада со Ал Бурхан од август 2019 година, откако Омар ал-Башир, судански лидер во текот на 30 години, беше соборен во претходен државен удар по масовните протести.

Преодната влада требаше да ги подготви изборите во 2022 година.

Следните избори треба да се одржат во 2023 година, според Ал Бурхан, кој тврди дека бил неопходен државен удар за Судан да избегне граѓанска војна.

Во Судан, интернетот и многу телефонски линии сè уште се главно блокирани и не се достапни информации од преземањето на власта.

Суданската новинска агенција СУНА, наводно, престанала да објавува вести по првпат од нејзиното основање пред 60 години, пренесува ДПА.

Како и изминатите денови, и денеска се очекуваат масовни протести во Судан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска