Долж струмичкото корзо вечер ќе биде поставена изложбата „Струмички бисери“, на која ќе биде прикажано културно-историското наследство на Струмица низ фотографии, кои ќе бидат проследени со краток опис и историјат.
Изложбата е во организација и реализација на НУ „Завод и музеј-Струмица“ и е дел од манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.
Според организаторот, поставувањето на изложбата има за цел поголема афирмација и презентација на културно – историското наследство на Струмица.