Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски

Од:

Во Чифте амам вечерва ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на уметникот Горан Деспотовски од Нови САД.

Изложбата има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го контекстуализираат присуството на лице/а во одреден простор, но без него/нив во буквална смисла.

– Појавата на поединец во форма на кукла, како тело/фигура, го одредува секојдневниот живот на модерниот човек во цивилизациските рамки условени од историски настани. Моделот на кукла, со нејзините основни елементи и начинот на прикажување, алудира на човек кој го загубил интегритетот на општествено суштество и се трансформирал во репродуцирана маса идентични неживи суштества, велат од Националната галерија на Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 28 октомври, а куратор на проектот е Ана Франговска.

Авторот на изложбата Деспотовски е роден на 13 август 1972 година, во Вршац, Србија. Дипломирал на Факултетот за ликовни и применети уметности во Белград (1995). На Академијата за уметности во Нови Сад завршил основни академски (1999) и магистерски студии по сликарство (2003), по што се стекнал со титулата доктор на уметности – ликовни уметности (2018). Вработен е на истата Академија (од 2004 година). Од 2019 година е избран за редовен професор на Катедрата за сликарство. Деспотовски е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Војводина (од 2017 година). Организирал шеесетина самостојни и учествувал на неколку колективни изложби во својата земја и во странство. Добитник е на многу награди во областа на ликовната уметност.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска