Филип Коруновски со изложбата „Носталгија на изолацијата“ во Велес

Од:

Синоќа во велешкиот Ликовниот салон беше отворена петата самостојна изложба насловена „Носталгија на изолацијата“ на Филип Коруновски, академски уметник – графичар од Велес, вработен како сценограф и визуелен уметник во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов“-Џинот“.

Изложбата првично беше отворена на 18 септември во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија, што финансиски ја поддржа Министерството за култура. Во Велес ја реализира во соработка со Народниот музеј. А од овој негов циклус кој брои 30 тина дигитални графики во Велес се претставени 24 создадени, создадени во јули-август годинава.

Како што појасни за МИА, уметникот Филип Коруновски изложбата „Носталгија на изолацијата“ се однесува не на изолација од Ковид, туку на изолација на самите себеси.

– Конкретно се однесува на посветувањето на самите себеси коишто луѓето го остварија во време на Ковид пандемијата. Многу често сите се осврнаа на свои лични интереси имајќи повеќе време и така заинтригиран од тоа што се луѓето открија за себеси за свои хобија и интереси, јас ги претставив сите тие ситуции. Но тие ситуации не се претставени репрезентативно, туку симболички. Тие не претставуваат никој конкретно туку се претставени нивните дејствија кои ги работат и нивните интереси, појаснува Коруновски.

Во каталогот за изложбата Деан Дамјановски д-р на Драмски уметности ќе појасни, набљудувачот ќе препознае во овие ликови фрагменти од сопственото детство и младост, заборавени чувства кои измамуваат насмевка со горчина во градите. Истовремено, нема да може, а да не го забележи и погледот на уметникот, кој низ успешно користење на новите технологии комбинирани со традиционалните ликовни техники успева да создаде еден гротескен визуелен коментар кој нè тера да се посомневаме во автентичноста на нашите чувства и перцепции. Коруновски во неговата „Носталгија на изолацијата“ нè наведува да се запрашаме дали треба да се довериме на она што го гледаме, на она што го чувствуваме или на она што го мислиме? ќе се запраша Дамјановски во каталогот за изложбата.

Инаку точно пред десет години во 2011 година во Ликовниот салон во Велес Филип Коруновски ја постави својата прва самостојна изложба „Урбана синтеза“.

Тој има учествувано на повеќе од 20 групни изложби во земјава, а е сценограф на повеќе од 25 претстави во театрите во Велес, Скопје и Охрид.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска