Шефот на полицијата на Сан Франциско, Грег Сур потврди дека една од жртвите во авионската несреќа на јужнокорејскиот авион Боинг 777, била прегазена од возило на противпожарната служба.
Полицијата посочи дека продолжува истрагата околузагинувањето на државканката на Кина, една од двете жртви во авионската несреќа. Конечниот одговор за причината на смртта ќе го даде патологот.
Можно е несреќата да се случила поради тоа што пистата била прекриена со пена и возачот на противпожарното возило да не забележал дека на земја лежи човек.
Во авионот, што во саботата се урна при слетувањето на аеродромот во Сан Франциско, имало 307 луѓе. Две девојки загинаа, а 182 се повредени.
Остатоците од авионот денеска се отстранети од пистата и се очекува аеродромот в недела да почне да работи.