Силна експлозија на гасовод одекна денеска во Истанбул за време на градежни работи за изградба на метро линија.
Како што јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, при инцидентот нема повредени. Експлозијата се случила во 9:30 часот во истанбулскиот кварт Ускудар, во азискиот дел на градот. Луѓето во областа на инцидентот во панкика го напуштиле местото по силната експлозија.
На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила. Екипи на истанбулската компанија за транспорт на гас моментално работат на спречување на истекувањето на гас.