Француски медиуми тврдат дека Роналдо е на преговори со Монако

Од:

Неколку француски медиуми денеска објавија информациja дека Кристијано Роналдо се наоѓа во Монте Карло на преговори со францускиот клуб Монако.

Според овие извори, ѕвездата на Реал Мадрид веќе остварил средба со сопственикот на Монако, Дмитриј Риболовљев.

Неофицијално, рускиот богаташ на Роналдо му понудил годишна плата од 21 милион евра, или осум милиони повеќе од платата што ја заработува во „Кралскиот клуб“.

Роналдо на состанокот со раководството на Монако изјавил дека е среќен во Реал Мадрид, но оставил и отворена можност да заигра за друг клуб.

Ова негово изјаснување во Франција е протолкувано како голема веројатност Португалецот да ја прифати понудата на Риболовљев и да го засили Монако.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска