Самитот на Меркосур во знакот на Сноуден и шпионирањето на САД

Од:

Информациите за американското шпионирање на неколку јужноамерикански земји и инцидентот во кој беше одбиен прелет на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес низ воздушниот простор на четири европски земји, се темите што ќе се најдат во фокусот на Самитот на Меркосур, регионалниот трговски договор меѓу Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај, што почнува утре во Монтевидео.

Бразилскиот дневен весник „О Глобо“ на почетокот на неделата објави извештај направен во соработка со британскиот весник „Гардијан“, базиран на документи објавени од поранешниот технички соработник на ЦИА Едвард Сноуден.

– Се надевам дека на средбата на Меркосур, ние претседателите ќе изнесеме силен став и ќе побараме објаснување, изјави аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Киршнер.

Според медиумите американската Агенција за национална безбедност (НСА) шпионирала неколку јужноамерикански земји, вклучително Мексико и земјите членки на Меркосур Бразил, Аргентина и Венецуела.

Боливиа побара извинување од Шпанија, Италија, Франција и Португалија поради затворањето на воздушниот простор за авионот на претседателот Моралес, за време на неговото враќање од посетата на Москва.

Моментално Боливија е асоцијативна земја членка на Меркосур групата и во процес на стекнување полноправно членство. Самитот в петок се очекува во голем степен да биде посветен на инцидентот со авионот на Моралес.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Меркосур го одби барањето на Зеленски виртуелно да се обрати на нивниот самит

Ана Ололовска

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска