Лекари на жива жена и ваделе органи, мислејќи дека е мртва

Од:

Американката Колин Бернс се разбудила на операциска маса во болница во Њујорк во моментот кога лекарите почнале да и ги вадат органите, мислејќи дека е мртва.

Лекарите, кои не извршиле доволно тестови, помислиле дека мозокот на жената е мртов, а таа всушност се предозирала со лекови, поради што и била хоспитализирана.

Колин испила „ксаснак“, „бенадрил“ и таблети за опуштање на мускулите со намера да се убие. Лекарите не и направиле испумпување на стомакот, ниту и ја скенирале главата, туку само заклучиле дека мозокот и е мртов. Семејството на Колин се согласило да се донираат нејзините органи.

Еден ден пред вадењето на органите, медицинската сестра направила невролошки тест, кој покажал дека Колин реагира на него и дека е жива. Меѓутоа, лекарите не ги земале предвид тврдењата на сестрата и почнале да ја сечат. Во тој момент жената ги отворила очите, а исплашените лекари веднаш ја прекинале процедурата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ