Високиот спортскиот суд на Шпанија го прифати барањето на Ла Лига да бидат одложени два натпревари од домашното првенство закажани за претстојниот викенд.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, одложени се натпреварите Севиља – Барселона и Виљареал – Алавес поради голем број фудбалери, кои се враќаат од јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2022 во Катар.
Натпреварите беа закажани за в сабота, а не можеа да бидат поместени за в недела поради дуелите, кои Барселона и Виљареал треба да ги играат во вторник во Лигата на шампиони.
Шпанската фудбалска федерација претходно го одби барањето, оценувајќи дека „отсуството на некои играчи не е доволна причина за одлагање на натпреварите“.