По пет часа чекање на аеродромот во Сао Паоло, аргентинската фудбалска репрезентација конечно го напушти Бразил. Натпреварот од квалификациите за Светското првнество во Катар во 2022 година беше прекинат по само неколку минути откако бразилската полиција упадна на теренот и нареи дел од фудбалерите на Аргенгина кои играат во англиската Премиер-лига да ја напуштат државата. Според регулативата за заштита од Ковид-19 во Бразил, лицата кои доаѓаат од Велика Британија треба да бидат во двонеделен карантин.
Brazilian police have arrived at the Brazil vs Argentina World Cup qualifier to detain all 4 Argentinean players that arrived from England and lied to enter the country, madness.
— SuZe Sport (@SportySuz20) September 5, 2021
„Квалификациите за Светското првенство се натпреварување на ФИФА. Сите одлуки кои се однесуваат на организацијата и на останатиот развој на настаните се во исклучива наделжност на оваа институција. Судијата и делегатот ќе испратат извештај до Дисциплинскиот комитет на ФИФА кој ќе донесе одлука за следните чекори“ – се вели во соопштението што го испрати Фудбалската федерација на Јужна Америка.
Претходно реагираше и Лео Меси кој рече дека ситуацијата е небулозна со оглед дека аргнетинската репрезентација два дена претходно беше во Бразил и дека властите може да го речат проблемот и претходно и да ги најдата спорните играчи во хотелот.
За овој дуел репрезентацијата на Бразил беше без неколкумина клучни играчи со оглед дека премерлигашките клубови решија да не им дозволат на фудбалерите да патуваат на квалификациските дуели. Но, Аргентина ги имаше своите играчи од Премиер-лигата затоа што сепак дел од клубовит во Англија дадоа дозвола за патување.