Македонската фудбалска репрезентација води со 1-0 на полувреме на гостувањето во Рејкјавик против Исланд во рамки на 5. коло во квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Водството на македонскиот состав и го донесе дефанзивецот Дарко Велковски во 12 минута со прецизен удар со глава по изведениот корнер од Езѓан Алиоски.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во првото полувреме, упатувајќи вкупно 11 удари кон исландскиот гол, наспроти само еден обид на домаќините кон голот на Столе Димитриевски.