CNN објави снимка од падот на авионот во Сан Франциско, која ја направил случаен минувач.
Пилотите на авионот кој се урна и запали при слетувањето на аеродромот во Сан Франциско, при што загинаа две лица, во последен момент се обидоа да го запрат слетувањето, но веќе било доцна.
Снимката, од авионот „Боинг 777“ кој се урна во сабота, покажува дека пилотите пред ударот им јавиле на контролата за летања дека ќе се обидат да го кренат авионот и да се откажат од слетувањето по што повторно се обиделе да слетаат.
Меѓутоа авионот кој летал од Сеул не успеал да се крене, туку удрил во земјата, се одбил и се запалил.
На пилотот кој управувал со авионот ова му било прв лет со „боинг 777“, а според првичните информации, моторот не е причина за падот.
Од 300 патници и членови на екипажот, 19 се уште се во болница, од кои шест се во критична состојба.
Елена Георгиевска