Јаховиќ: Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина

Од:

Повратникот во македонската фудбалска репрезентација, Адис Јаховиќ, очекува добри резултати на претстојните три натпревари во Мундијалските квалификации.

– Секогаш сум сакал да играм за мојата татковина. Повикот од новиот селектор ме радува и многу сум среќен што сум дел од националниот тим. Чувството е како и првиот пат кога бев повикан, кога имав 26 години. Ги знам соиграчите. Сега сум поискусен. Се надевам дека ќе имам добра соработка со сите. Имаме квалитет и тоа треба да го докажеме на терен. Ќе дадам се од себе да направиме добри резултати. Треба да одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Ни претстои средбата со Ерменија. Тој натпревар треба да го одиграме како треба, противникот добро е анализиран. Потоа ќе мислиме на Исланд, па на Романија. Трите натпревари се многу блиску. Се надевам на добри резултати и да ја израдуваме нашата држава, а воедно да покажеме дека сме кандидати за пласман на Светското првенство, изјави Јаховиќ.

„Црвено-жолтите“ на 2 септември ја пречекуваат Ерменија, на 5 гостуваат на Исланд, а три дена подоцна се домаќини на Романија.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска