Тројца дебитанти и четворица повратници во македонската фудбалска репрезентација се најдоа на списокот со играчи што новиот селектор Благоја Милевски го објави денеска за септемврискиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.
На списокот со 26 имиња, шанса за премиерен настап во националниот дрес ќе имаат Бојан Миоски, Никола Серафимов и Тодор Тодоровски, додека по подолго време во тимот се враќаат Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев, Стефан Ашковски и Дејан Илиев.
Меѓу повиканите неизвесен ќе биде настапот на Бобан Николов (позитивен на коронавирус) и Аријан Адеми (повреда).
Македонската репрезентација ги продолжува мундијалските квалификации на 2 септември против Ерменија на домашен терен, по што на 5 септември гостува на Исланд, а три денови подоцна во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Романија.
Голмани:
Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дејан Илиев, Ристе Јанков.
Одбрана:
Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Кире Ристески, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Никола Серафимов.
Среден ред:
Елиф Елмас, Енис Барди, Стефан Спировски, Тихомир Костадинов, Даниел Аврамовски, Бобан Николов, Аријан Адеми.
Напад:
Адис Јаховиќ, Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов, Никола Ѓорѓев.