„Газпром“ планира годинава да почне со експлоатација на гасоводот „Северен тек 2“

Од:

Руската енергетска компанија „Газпром“ планира годинава да почне со транспорт на гасот преку гасоводот „Северен тек 2“ под Балтичко Море до Германија, откако ќе заврши изградбата на целиот проект, соопшти денеска компанијата, пренесе ДПА.

„Газпром“ има за цел да испумпува 5,6 милијарди кубни метри руски гас преку речиси целосно завршениот гасовод до Германија.

Гасоводот ќе ја заобиколи Украина, која се потпира на приходите од транзит на гас.

Вашингтон постојасно го критикуваше проектот, па дури се закануваше и со санкции кон Германија, како зголемување на зависноста на Германците од Москва.

Работата за поставување на цевките треба да заврши до крајот на август, соопшти „Газпром“, додавајќи дека се уште не се знае кога точно треба да почне со работа.

По соопштението на „Газпром“ веднаш паднаа цените на бензинот, наведуваат руските медиуми, пренесува ДПА.

„Северен тек 2“ минува од Виборг во Русија, преку Балтичкото море, до Лубмин кај Грајфсвалд во североисточната германска покраина Мекленбург, со Западна Померанија.

Се очекува преку новиот гасовод од Русија за Германија да се пренесуваат по 55 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот