Столтенберг: Не очекувавме толку брз колапс во Авганистан

Од:

Поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот “.

Тој на прес -конференцијата во Брисел кажа дека била изненадувачка брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус денеска е на извлекувањето на луѓето од земјата.

Ген-секот на НАТО ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан и соопшти дека НАТО се согласила да испрати дополнителни авиони во Кабул за евакуација.

Столтенберг додаде во нивните редови има незадоволство поради неуспехот да се постигнат подобри резултати по толку години ангажман во Авганистан, наведувајќи дека никој не очекувал таков брз колапс на авганистанските безбедносни сили и владата.

Најважната работа за НАТО во моментов, рече тој, е да го држи аеродромот отворен за да се помогне во евакуацијата од земјата.

-Талибанците мора да го спречат Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот. Оние кои сега ја преземаат власта имаат одговорност да обезбедат меѓународните терористи да не ги повратат своите упоришта, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.

“Дел од авганистанските безбедносни сили се бореа храбро. Но, тие не беа во можност да ја обезбедат земјата, бидејќи на крајот авганистанскиот политички врв не успеа да им се спротивстави на талибанците и да постигне мирно решение што Авганистанците очајно го посакуваа“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој, исто така, нагласи дека планот беше да се изгради одржлива авганистанска држава, а не силите на НАТО да останат таму засекогаш.

Би можело да ве интересира

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Столтенберг: НАТО размислува да го стави нуклеарно оружје во борбена готовност

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски