Поевтинува парното греење во Скопје

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје во просек се намалува за четири отсто, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Тој истакна дека речиси 56 илјади потрошувачи приклучени на „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) или 93 отсто од вкупниот број корисиници ќе добиваат сметки пониски за 4,35 отсто, нешто над 3 800 домаќинства кои се приклучени на „ЕСМ Енергетика“ ќе плаќаат пониски сметки за 0,57 проценти, додека 501 потрошувач приклучени на „Скопје Север“ од 1 август ќе имаат поевтино греење за 1,25 отсто.

– Граѓаните приклучени на парно греење ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење, кое е најекономично и еколошко, рече Бислимоски, посочувајќи дека имаме историски најниска цена на испорачана топлинска енергија.

Во однос на работата на компаниите, тој нагласи дека сака да укаже оти со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од корисниците односно 93 отсто, останатите снабдувачи „Скопје Север“ и „ЕСМ Енергетика“ би требало да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.

На централните системи за греење на трите компании за топлинска енергија во Скопје се приклучени околу 60.000 корисници, што за една година претставува раст од речиси 2.000 нови потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски