Вкупната трговска размена на стоки во периодот јануари – мај 2013 година е 4.303.003.000 американски долари. Извозот изнесува 1.642.278.000 долари, а увозот 2.660.725.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,7 отсто, а трговскиот дефицит е 1.018.446.000 долари.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.
Во увозот најзастапени се нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ, 70,5 отсто, и земјите од Западен Балкан, 20,3 проценти, додека во увозот членките на ЕУ, 58,2 отсто, и Останати земји, на друго место неспомнати 12,3 отсто.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена Македонија најмногу, 49,2 отсто, тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.