Репрезентација на САД загуби од Франција (76:83) во првото коло од групата А на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија.
За американските кошаркари ова е првиот олимписки пораз од 2004 година. Пред 17 години на Олимпијадата во Атина (Грција), САД загубија во полуфиналето на турнирот од Аргентина (81:89).
На другите денешни средби на олимпискиот турнир во кошарка постигнати се овие резултати:
Иран – Чешка 78:84
Германија – Италија 82:92
Австралија – Нигерија 84:67.