Џудистката Реџепи нема да го носи македонското знаме на Олимпијата, ја ставија во делумна изолација

Од:

Македонската олимпијка во џудо, Арбреша Реџепи, е во делумна изолација по близок контакт со заразено лице со коронавирус на летот кон Токио и нема да го предводи македонскиот олимписки тим на утрешното отворање на Игрите во Токио.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри требаше да го носат Реџепи и таеквондистот Дејан Георгиевски, но, Реџепи ќе ја пропушти церемонијата.

– Поради близок контакт со лице заразено со Ковид-19 на летот од Франкфурт до Токио, македонската џудистка се наоѓа во делумна изолација и поради правилата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на Игрите, соопшти Македонскиот олимписки комитет.

Реџепи, како што се наведува во соопштението, сепак, продолжува со редовните тренинзи и ќе има право на настап на олимпискиот турнир во џудо.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски