Финскиот производител на телефони „Нокиа“ соопшти дека за 1,7 милјарди евра ќе го откупи уделот на германскиот „Сименс“ во нивната заедничка фирма „Нокиа Сименс Нетворкс“ (НСН), која беше формирана во 2007 година за задружен настап на пазарите на фиксната и мобилната телефонија.
Купо-продажбата на НСН во која двете компании поседуваат по 50 отсто, ќе се реализира во текот на третиот овогодишен квартал.