ЕУ го осуди убиството на претседателот на Хаити

Од:

Европската Унија најстрого го осудува убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, кое се случи вчера во неговиот дом.

-Овој кукавички и грозоморен чин придонесува кон зголемувањето на нестабилноста на земјата и носи ризик дополнително да го поттикне циклусот на насилство во кое се наоѓа земјата предолго, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел.

Хаити со години се наоѓа во постојана криза на сиромаштија, насилство и природни катастрофи.

Европската Унија алармира дека безбедносната ситуација во Хаити постојано се влошува со што се доведува во прашање капацитетот на државата да ги заштити своите граѓани и повикува сите да ги почитуваат уставните правила.

ЕУ ветува дека ќе му помогне на Хаити да ја надмине оваа криза и да се врати на одржлива политичка состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството