Градоначалникот на Бруклин, Ерик Адамс ќе биде кандидат на Демократската партија за градоначалник на Њујорк.
Тој вети дека ќе се бори против растечкиот криминал и насилството во градот и ќе стави крај на практиката на полициска бруталност кон малцинствата.
Ако биде избран, Адамс ќе биде вториот Афроамериканец на чело на Њујорк, пренесува Глас на Америка.
Со помош на новиот систем на гласање, тој победи голем број кандидати во рамките на Демократската партија, а по него следеше Кетрин Гарсија.
Републикански противник на Адамс ќе биде Куртис Силва, основач на организацијата „Ангели чувари“.
Адамс е умерен демократ кој се противи на движењето за укинување на буџетот на полицијата. Тој често зборуваше за тоа како полицијата го претепала кога имал 15 години, па и тој самиот доживеал полициска бруталност. Сепак, тој стана полицаец во 1984 година.
Шеф на општината Бруклин е од 2013 година.
Актуелниот градоначалник на Њујорк, демократот Бил де Блазио, според правилата, не може да се кандидира за трет мандат.