На третата етапа на 100-от јубилеен Тур де Франс, возена од Ајачио до Калви во должина од 145 километри победи Австралиецот Сајмон Гернас од Орика Гринеџ тимот.
Питер Саган беше толку блиску до победата, кометаторите на BBC го прогласија за победник но во фотофинишот милиметри одлучија во полза на Геранс. Трет на целта стигна Рохас.
На 10 километри пред целта Силван Шаванел тргна да го лови Пјер Ролан, и бргу го стигна заедно со Нордхук и Ниеве, меѓутоа на 3 километри до целта групата ги стигна.
Во последните 450 метри, на излезот од кривина почна спринтот во кој Гернас излезе пред сите.
Јан Бекеландс од Радиошек останува во жолтата маичка пред утрешната етапа, хронометарот во Ница во должина од 25 километри.