Јужна Кореја потврди повеќе од 1.200 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем дневен број од крајот на декември минатата година.
Премиерот Ким Бу-кјум изјави дека мерките за социјално дистанцирање ќе бидат продолжени за следните неколку денови, а властите ќе одлучат дали ќе ги заострат постоечките правила, во момент кога земјата се бори со четвртиот бран на пандемијата, предизвикан од многу заразниот делта сој на коронавирусот.
Вирусот брзо се шири меѓу невакцинираното население, главно на возраст меѓу 20 и 30 години, а премиерот упати апел луѓето превентивно да се тестираат.
Околу 30 отсто од 52 милиони жители во земјата примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19. Јужна Кореја вчера соопшти дека оваа недела ќе и бидат испорачани 700.000 вакцини на Фајзер/БиоНТек од Израел, со цел да се забрза имунизацијата поради порастот на инфекциите околу главниот град Сеул.