ВИДЕО: Новинар и активист меѓу 15 убиени лица за една ноќ во насилствата во Хаити

Од:

Новинар и активист се меѓу 15-те лица кои се убиени во една ноќ во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопшти синоќа полицијата, пренесе ДПА.

-Диего Чарлс од радиото „Визија 2000“ и Антоанета Даклер, портпаролка на опозициската група „Матрис Либерасион“, се меѓу загинатите, изјави шефот на полицијата на Хаити, Леон Чарлс.

Портпаролот на полицискиот синдикат СПНХ-17, Герби Гефрард, завчера беше убиен од вооружена група.

-Неговите пријатели потоа пукаа во областа Делмас 32. Првично беше нејасно дали жртвите беа намерно избрани за убивање,но тие беа мирни цивили, рече Чарлс.

Чарлс додаде дека пријателите на Гефрард најверојатно биле полицајци.

Постои конфликт меѓу СПНХ-17 и раководството на националната полиција на ПНХ. Меѓу нив често пати има насилство.

Според агенцијата за хуманитарна помош на ОН, ОЧА, околу една третина од областа Порт-о-Пренс во моментов е погодена од насилството на околу 95 банди, додава ДПА.

Борбите за контрола на урбаните области ескалираа од почетокот на јуни, со многубројни смртни случаи и силувања, а многу куќи се ограбени и запалени.

Од 1 јуни до 22 јуни повеќе од 13.600 лица биле принудени да избегаат, покажуваат податоците на кои се повикува OЧA.

Оваа Карипска држава е една од најсиромашните во светот, а OЧA известува дека економската активност е парализирана од насилството и блокадите на патиштата што предизвикуваат тесни грла во синџирите на снабдување.

Здравствените центри во погодените области едвај можат да работат во време кога веќе и онака пренатрупаниот здравствен систем на Хаити страда од зголемен број случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството