Во Србија во изминатите 24 часа се забележани 104 нови случаи на инфекции со коронавирусот, што е прв ден по неколку недели во кои бројот на новозаразени беше помал од 100. Починале четворица пациенти.
Тестирани се 8.397 луѓе. На болничко лечење се вкупно 293 пациенти, а 12 од нив се на респиратори.
Од почетокот на пандемијата, во Србија од Ковид-19 починаа 7.047 луѓе, се заразија 716.752, а процентот на смртност изнесува 0.98 отсто.