Пандев: Жал ми е што не освоивме барем бод, но оваа генерација ќе има уште можности да ги израдува македонските навивачи

Од:

Досегашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изрази жалење што тимот не освои барем еден бод на ЕВРО 2020, но е уверен дека неговите досегашни соиграчи од националната селекција и во иднина ќе ги радуваат навивачите.

– Сигурно, жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и многу далеку. Знаеме дека овие се натпревари тешки за играње, многу искуство, ние сме прв пат на Европско првенство, многу емоции, луѓето едноставно сите во Македонија живееја со нас, сакавме да ги израдуваме. Жал ми е, но се надевам дека оваа генерација ќе има уште многу можности да ги израдува македонските навивачи, рече Пандев по пристигнувањето на аеродромот во Скопје.

На прашањето околу селекторското место 37-годишниот Пандев одговори:

„Па не знам, тоа треба да одлучат луѓето дали Ангеловски ќе продолжи или нема да продолжи да биде селектор. Видовме и вчера по некои портали, уште не беше натпреварот завршен па излегоа со информации дека има нов селектор па нека е со среќа на новиот селектор и на целата генерација. Се надеваме дека ќе нè однесат на Светско првенство. Јас не одлучувам за тоа. За тоа си има структури и одговорни. Јас мислам по мене дека требаше селекторот да го заврши овој циклус до Светско првенство, но знаеме кај нас како функционираат работите и сега прво да се одмориме, да бидеме малку со фамилиите па после ќе видиме“.

За неговата иднина поврзана со фудбалот не сакаше да се произнесе, туку остава малку време до донесување на конечната одлука.

– Планот ми е сега да се одморам малку со фамилијата, па после ќе размислувам како понатаму. За моите идни планови не знам, немам некоја желба да бидам тренер. Ќе видиме, можеби некој спортски директор или ќе почнам да работам со моите менаџери во Италија.

Пандев репрезентативната кариера ја заврши со 122 натпревара и 38 постигнати голови.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска