Јужнокорејската компанија „Самсунг“ и официјално го претстави на домашниот пазар својот 55-инчен заоблен ОЛЕД ХД телевизор, кој ќе се продава по цена од 13.000 долари.
Компанијата тврди дека дизајнот на овој телевизор ја елеминира било која можност на лошите ОЛЕД пиксели.
Новиот телевизор, исто така, поддржува функции кои можат да се најдат во другите телевизори на „Самсунг“, како што е „мулти вју“ кој овозможува две лица истовремено да гледаат различни програми.
„Самсунг“ се уште не објавил кога овој телевизор ќе биде достапен и во другите земји.