Sony го претстави SmartWatch 2

Од:

Јапонската компанија „Сони“ на овогодинешниот „Mobile Asia Expou“ во Шангај го претстави својот „СмартВоч 2“, паметен часовник што работи на Андроид оперативен систем.

СмартВоч е дизајниран така што претставува втор екран за вашиот смартфон, а може да биде персонализиран со апликации по желба на корисникот и е отпорен на вода.

За разлика од својот претходник, новиот уред има поголем екран од 1,6 инчи и резолуција од 220х176 пиксели.

СмартВоч 2 е опремен со  Блутут 3.0 и може многу лесно да се поврзе со секој Андроид уред.

Сони тврди дека СмартВоч може да издржи четири дена умерено користење или речиси седум дена на штредлив режим на користење.

Големиот број апликации за СмартВоч овозможуваат тој да се користи како камера, за проверување мејлови или управување со презентации.

– Иднината на преносните уреди е исклучително сјајна, а истражувањата предвидуваат до крајот на 2016 година да бидат продадени 41 милион СмартВоч уреди, изјави Стефан К. Персон, директор на придружните уреди во Сони.

СмартВоч 2 може да се користи со стандардна 24 милиметарска нараквица, а наскоро ќе бидат достапни и нови Сони нараквици.

Сони СмартВоч 2 ќе биде достапен од септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска