Советот за безбедност на ОН одлучи вчера едногласно да продолжи процедурата за распоредување мировни сили на меѓународната организација во Мали од 1. јули.
Пред повеќе од една година во западноафриканската држава имаше преврат спроведен со отцепување на северните делови од Мали кои останаа под контрола на бунтовници туарези и радикални исламисти.
Владата во Бамако вчера објави дека за неколку дена почнува со подготовки за изборите за претседател и парламент предвидени за 28. јули.
Британскиот амбасадор во ОН Марк Грант кој е и претседавач со СБ изјави вчера дека е задоволен од соопштенијата од Мали за договор меѓу Владата и туарезите, но се уште е загрижен за безбедноста и хуманитарната ситуација во државата.