ВИДЕО: Продолжуваат судирте во либанскиот град Сајда

Од:

Либанската армија напредува кон џамијата во градот Сајда, каде се кријат приврзаниците на радикалниот сунидски духовен лидер Ахмад ал Асир и поддржувачи на сириските бунтовници.

Во досегашните судири загинаа 12 либански војници. Борбите во Сајда се еден од најкрвавите настани во Либан меѓу противниците и поддржувачите на режимот во соседна Сирија.

Либанската Национална информативна агенција јави дека судирите во Сајда продолжуваат и утрово и оти 50 лица се повредени.

Агенцијата наведува дека се уште нема податоци за бројот на убиени и повредени борци на Асир, и оти е непознато дали има настрадано цивили.

Духовниот лидер Асир ги поддржува сириските бунтовници кои се обидуваат да го соборат режимот на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски