Веле Смилевски избран за член на Руската академија на науките и уметностите

Од:

Поетот, литературен критичар и универзитетски професор Веле Смилевски е избран за член на Руската академија на науките и уметностите. Во одлуката на Академијата, потпишана од нејзиниот претседател Виктор Никеров, се наведува дека Смилевски е избран заради „достигнувањата и заслугите во областа на литературата и уметничката критика  и за придонесот во развивањето на македонско-руските културни врски”.

Веле Смилевски бил руски стипендист на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва. Предмет на неговите истражувања биле методите на руската формалистичка школа, оригиналните ракописи од заоставнината на македонскиот поет  Рајко Жинзифов, како и темата Македонија во делото на познатиот руски публицист, научник и политичар  Павел Милјуков. Учествувал на меѓународните научни конференции посветени на руската литература, одржани во Москва, Охрид и Софија.

Смилевски е добитник на орденот „Сергеј Есенин” што го доделува Московската организација на Сојузот на писателите на Русија. Ова признание македонскиот поет го доби за  стихозбирката „Забранета книга”, објавена на руски јазик во издание на издавачката куќа „У Никитих ворот” од Москва. Стихозбирката „Забранета книга” на руски се појави минатата година во препев на Олга Панкина, а со предговор на академик Ала Шешкен.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска