Арбитражата полека станува пракса, се решеваат и трговски спорови од 100.000 евра

Од:

Најголемиот број арбитражни постапки за трговските спорови поведени во изминатите пет години се однесувале на предмети од 10.000 до 50.000 евра, но со арбитража се решаваат и предмети вредни од 50.000 до 100.000 евра.

Како што велат од Стопанската комора, арбитражната практика полека станува пракса. Компаниите се повеќе сфаќаат дека многу побрзо, но и поевтино е споровите да ги решаваат на ваков начин, наместо пред суд.

Арбитражната постапка обично завршува за шест до девет месеци, а судската трае најмалку 600 дена.

-Споровите преку суд не се секогаш најдоброто решение. Напротив, светските трендови покажуваат се почесто користиење алтернативни методи за споровите меѓу деловните субјекти. Просечното времетраење на постапките кои се водат пред Постојаниот избран суд – Арбитража постојано се намалува и лани бил околу 184 дена или приближно шест месеци. Тоа е доказ за брзината и ефикасноста на арбитражата наспроти судските постапки. Пред основните судови просечното траење на постапките е од 234 – 679 дена, а ако на тоа се додаде и времето за постапките по жалба пред апелациските судови кое се движи од 440 – 709 дена, вкупното просечно време на судските постапки во прв и втор степен е најмалку 600 дена што е многу подолго од арбитражните кои завршуваат во еден степен, дури и за многу пократко време од просечното траење, истакна Елена Милевска Штрбевска од Комората.

Според Милевска Штрбевска, од вкупниот број поведени арбитражни постапки во периодот 2015 – 2020 година, 40 проценти биле за спорови со меѓународен елемент. Како странки во арбитражните постапки се јавуваат трговски субјекти од земјава, Турција, Бугарија, Косово, Романија, Русија, Хрватска, Саудиска Арабија, Србија, Кина.

Во последните три години постапките поведени пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора биле за побарувања кои произлегуваат од договори за продажба, договори за деловна соработка, договори за јавни набавки, договори за градење, договори за вршење услуги на обезбедување и други. Најголемиот дел од тужбените барања во постапките се по основ долг (75 отсто), надомест на штета (15 отсто) и друго (10 отсто).

-Во последниот извештај на Европската комисија за нашата држава експлицитно се констатира дека се потребни напори за натамошно подобрување на употребата на алтернативно решавање спорови, вклучително и преку соодветните комори. Ние минатата недела донесовме нови арбитражни правила за модернизирање на арбитражжната постапка и нејзина поголема ефикасност – полесна комуникација, електронска достава на поднесоци и можност за изведување докази преку видео-конференциска врска, рече Милевска Штрбевска.

Таа ја најави и претстојната традиционална арбитражна меѓународна конференција, што треба да се одржи идната недела, на 11 и 12 мај. Темата ќе биде „Бизнисот и арбитражата во ерата на глобализација: предизвици и перспективи“. Поради КОВИД-19, конференцијата ќе се одржи онлајн, а учеството е без надоместок.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност