Дипломатија на Балканот: Што е нон-пејпер и колку е важен

Од:

Би-Би-Си

Документ кој нема наслов, датум, потпис или обврска за негово спроведување, а може сериозно да влијае на меѓународните односи, иако самото име вели дека не е хартија.

Нон-пејпер е форма на дипломатска комуникација која стана многу важна затоа што може да иницира тешки проблеми без да му наштети на оној што ги иницира.

– Неформалноста се гледа во фактот дека нон-пејпер не е напишан на меморандум на земјата, иако е потпишан на некој начин, со цел да се види од која дипломатска мисија доаѓа. Отвореноста на нон-пејперот е што неговиот подносител во никој случај не е обврзан со напишаното во документот, вели асистентот на Факултетот за политички науки, Марко Дашиќ.

Сепак, во дипломатската практика на поранешниот министер за надворешни работи на Југославија, Владислав Јовановиќ, нон-пејпер документите имале голема тежина.

– Ова се работи кои не изгледаат особено свечено, но имаат ефект и затоа не треба да се потценуваат. Нон-пејперот често има целосно политичко значење затоа што ги потенцира потенцијалните казнени последици, доколку не се спроведе некое дејствие, вели Јовановиќ.

Медиумите на Балканот во изминатиот период шпекулираа за постоење на три нон-пејпери со кои би се регулирале односите во овој дел на Европа.

Се наведуваше дека овие документи потекнуваат од Љубљана, Загреб и Будимпешта, но нивното постоење или автентичност не е официјално потврдено.

Што е нон-пејпер?

Нон-пејперот во дипломатскиот свет е роден за време на бурните 1970-ти и 1980-ти години од минатиот век.

– Нон-пејперот го измислија Американците, во обид да не се официјализира дипломатската комуникација и да се сведе на практична, рационална мерка.

– Тоа е гаранција дека она што се пренесува е соопштено како што е изразено во нон-пејперот и му се предава на соговорникот за да има прецизни траги за тоа што го слушнал.

Претпоставка е дека соговорникот не мора секогаш да биде доволно концентриран, можно е темата да не го привлекува, па не е сигурно дека тој точно ќе им го пренесе на претпоставените она што е кажано, вели Владислав Јовановиќ.

Токму во ова, овој повеќедецениски дипломат ја гледа двојната природа на нон-пејперот.

– Нон-пејперот формално е необврзувачки, но содржината може да биде многу сериозно предупредување и порака.

„Може да биде сумирање на усен разговор за да му биде полесно на партнерот да му го пренесе на неговиот/нејзиниот претпоставен, но може да биде и значајна порака со предвидливи или непредвидливи пораки.

Политикологот Марко Дашиќ вели дека нон-пејперот е поврзан со друг дипломатски документ – ед мемоар – но оти е понеформален.

„На овој начин, вие дипломатски го пренасочувате вниманието и охрабрувате дискусија за некое особено чувствително прашање.

Содржината е важна, но не и обврзувачка – укажува на можно решение за некое прашање“, вели Дашиќ.

Дали може со нон-пејпер да се менуваат граници?

Кога во јавноста се појавија наводни нон-пејпери со кои официјални лица во Љубљана, Загреб и Будимпешта покажаа интерес да се занимаваат со уредување на односите на Балканот, регионалните лидери во официјални изјави негираа постоење на ваков документ.

„Ми се чини дека улогата на овој нон-пејпер требаше да биде пробен балон за јавноста.

„Некои теми пропаднаа, некои пандемијата ги отстрани од дневниот, и овој нон-пејпер може да биде начин тие да се вратат во центарот на вниманието, без разлика дали станува збор за преговорите Белград-Приштина или статусот на Дејтонскиот договор“, рече политикологот Дашиќ.

За дипломатот Владислав Јовановиќ, дебатата што се појави во јавноста и негирањето дека документот постои е можно поради самата дефиниција на нон-пејпер.

За дипломатот Владислав Јовановиќ, дебатата што се појави во јавноста и негирањето дека документот постои се можни поради самата дефиниција на нон-пејпер.

„Нон-пејперот не обврзува толку многу затоа што креаторот секогаш може да се заштити со тврдење дека тоа не е официјален документ, туку пренесување на идеја и иницијатива.

„Тоа повеќе е истражување можнпсти за решавање на некое прашање.

Поради сето тоа, јасно е дека границите на Балканот нема да се менуваат со нон-пејпер дипломатски комуникации.

За да се процени реалната јачина на ваквиот документ, политикологот Марко Дашиќ смета дека е важно да се погледне содржината на документот, но и испраќачот.

„Политичката моќ на нон-пејперот е поврзана со нејзиниот подносител.

„Таквиот документ никогаш непосредно не произведува правни и политички последици, но тој е камен во мозаикот што ја води и насочува дебатата“, заклучува Дашиќ.

За што се напишани нон-пејпер документи?

Поранешниот југословенски амбасадор во Обединетите нации вели дека и тој самиот добил нон-пејпер документи.

„Американскиот амбасадор ми предаде нон-пејпер во кој СР Југославија ултимативно беше предупредена дека, во случај на избувнување на вооружени конфликти на Косово и Метохија, за кои ќе биде одговорна Југославија, Америка ќе возврати со бомбардирање“, се сеќава Владислав Јовановиќ.

Тој вели дека во неговата кариера имало и нон-пејпери кои не се оствариле.

„Американскиот амбасадор во ОН беше ангажиран да го поттикне процесот на протерување на СР Југославија од ОН и со тоа да и нанесе уште еден политички удар на СРЈ.

„Нон-пејперот беше предаден на мојот секретаријат, заедно со претставници на три поранешни југословенски републики – но таа иницијатива не успеа затоа што наиде на отпор од голем број земји“.

Асистент на Факултетот за политички науки, Марко Дашиќ вели дека дипломатски Белград честопати се соочувал со нон-пејпер документи и наведува дека тие најчесто пристигнувале токму од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ