Социјалната мрежа Инстаграм ја воведе опцијата за прикачување видео-клипови врз кои може да се нанесат филтри.
Апдејтот за моменталната верзија на апликацијата е објавен денеска, а сите корисници ќе можат да прикачат видеа од 3 до 15 секунди.
„Зборуваме за Инстаграм како можност да се овековечат и да се споделат моментите на светот. Има многу ситуации во кои светот не може да се долови со само една слика“, изјави основачот на мрежата Kevin Systrom.
Лани, Фејсбук го купи Инстаграм за за повеќе од 700 милиони долари. Според зборовите на основачот, мрежата ја користат 130 милиони луѓе, а на неа се споделени 16 милијарди фотографии. Аналитичарите ова го гледаат како логичен потег за приближување на Фејсбук кон најголемиот конкурент на видео-пазарот – Јутјуб.