Ко-основачот на „Пајрат беј“ осуден на две години затвор

Од:

Ко-основачот на шведската интернет страница „Пајрат беј“, Готфрид Свартхолм Варг (28) денеска е осуден на две години затвор поради „упад“ во компјутери на компанија за чување податоци на шведски претставници и за незаконски онлајн трансфер на пари, соопшти денеска судот.

Варг минатата година беше екстрадиран во Шведска од Камбоџа поради судење, откако во 2009 година беше обвинет за Интернет пиратерија. Ко-основачот на „Пајрат беј“ ги отфрли сите обвиненија.

– Хакерскиот напад беше многуголем и технички напреден, соопшти судот, истакнувајќи дека е нападнат многу сензитивен систем.

Шведското обвинителство во мај се обиде да го затвори „Пајрат беј“ поради недозволено симнување линкови со музика и филмови.

Моментално сајтот го води непозната група, а името на Интернет доменот е регистриран на Сент Мартин, холандска територија на Карибите.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски