Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не му дозволи на Анжи натпреварите од евро-куповите да ги игра на својот стадион во Дагестан поради безбедносни причини.
– Одборот за итност на УЕФА одлучи да не му дозволи на Анжи да игра на свој терен поради неповолната безбедносна ситуација во Дагестан и Северен Кавказ. По оваа одлука, рускиот клуб треба да предложи алтернативно место каде ќе биде домаќин на дуелите од Лига Европа, соопшти УЕФА.
Анжи сезоната во руското првенство ја заврши на 3.место и не ги исполни амбициите за пласман во Лигата на шампионите.
Минатата сезона во Лигата на Европа средбите на домашен терен Анѓи ги играше во Москва.