Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ја организира традиционалната поетска манифестација „Празник на липите”, која се одржува под покровителство на Град Скопје.
На „Празникот на липите“ ќе бидат врачени признанијата „Книжевен жезол” на годинешните добитници – Ефтим Клетников од Македонија и Анте Стамаќ од Хрватска. За поезијата на Клетников ќе зборува Кристина Николовска, а Наташа Аврамовска ќе го претстави поетското творештво на Стамаќ.
На свечено отворање на манифестацијата ќе се обрати Христо Петрески, претседател на Организацискиот одбор. Пораката на поетскиот митинг „Поетите за Скопје” ќе ја прочита Василе Димески. Ќе настапат поети – членови на писателската асоцијација на Македонија.